– Поранешниот министер за култура, долгогодишен прв човек на битолскиот театар и актер во пензија, Благоја Стефановски-Баге, е годинешниот добитник на највиското општинско признание во Битола, наградата „4 Ноември” за животно дело, што Општината го доделува на Денот на ослободувањето на градот, 4 Ноември.
Благоја Стефановски-Баге е со богата професионална кариера. Во периодот од 1975 до 1980 година бил директор на НУ Народен театар – Битола, а меѓу другите ги вршел и функциите претседател на Фестивалот „Браќа Манаки”, претседател на Советот и селектор на драмската програма на Фестивалот „Охридско лето”„ претседател на Фестивалот „Војдан Чернодрински” во Прилеп и на други домашни и меѓународни фестивали и манифестации.
Стефановски вршел и други јавни функции. Во периодот од 1994 до 1998 година година беше пратеник во македонскиот Ппарламент, а во периодот од 2002 до 2006 година беше министер за култура.
Со одлука на Општина Битола, годишни награди и признанија на свечена академија ќе им бидат врачени на Васко Михалчев, Ѓорги Лазаревски, Марија Росенгрен, Марија Младеновска-Димитровска, Јасмина Буневска, детската градинката „Мајски цвет” и на печатницата „Киро Дандаро”, сите од Битола.