Соопштение до јавноста од ВМРО-ДПМНЕ, реакција на соопштението на СДСМ
„Владата на СДСМ претставува синоним на лага и манипулација.
СДСМ успеа за три години да го урне здравствениот систем.
А, сега пред избори се обидуваат да фрлат трошки. Но заборавија дека граѓаните на Република Македонија немаат кратко паметење. И ги помнат сите ветени но неостварени проекти.
Граѓаните знаат дека СДСМ излажа за покачување на капитација од 55 на 90 денари за матичните доктори, а за матичните стоматолози од 40 на 70 денари. Наместо тоа сега Заев и Венко ги залажуваат со само 8 денари повеќе, што претставува срамота.
Оваа влада е на пат да си замине, а тоа ќе се случи на 12 април. Тогаш граѓаните ќе стават крај на оваа влада која владееше само со лаги. По ова ќе дојде обнова на Македонија и здравствениот систем ќе започне да функционира како што треба“.