Трамп го отпушти Болтон минатиот месец, откако се судрија во врска со неколку надворешни прашања, вклучувајќи ја и Украина. Oд заминувањето од Белата куќа, Болтон не се појавуваше во јавноста, а неговиот адвокат изјави дека поранешниот амбасадор во ОН не е подготвен „ доброволно да се појави пред Конгресот”, што значи дека одборите на Претставничкиот дом ќе мора да му упатат задолжителна покана за сослушување. Претставничкиот дом, што е под контрола на демократите, оддржува претреси зад затворени врати за да утврди дали има основ Трамп да биде отповикан од функцијата, бидејќи барал странска земја, во случајов Украина, да „ископа валканици” за неговиот политички лидер, со цел да му помогне да го освои вториот мандат.
Трамп наводно ја задржувал речиси 400 милиони долари вредната воена помош за Украина, условувајќи го претседателот Володомир Зеленски јавно да му вети дека ќе ги истражи Бајден и демократите. Оваа истрага Трамп ја нарече нелегална, бидејќи Претставничкиот дом никогаш не гласал во полн состав за почнување формална истрага, иако не постои зкаон кој вели дека Претставничкиот дом тоа мора да го стори, наведува Гласот на Америка.