Најмалку осум лица загинаа денеска, а 30 се повредени во експлозија на автомобил-бомба на прометен пазар во Африн, град во северозападна Сирија, под контрола на силите поддржани од Турција, соопштија спасувачките екипи.
Вакви експлозии честопати се случуваат во градовите со мнозинство арапско население во близина на границата со Турција, под контрола на силите што ги поддржува Турција.
За овие напади се обвинети припадниците на Единицата за народна заштита.