Капитенот на Реал со достигнување како Меси

Капитенот Серхио Рамос постигна еден од головите за Реал Мадрид во победата од 5:0 над Леганес и забележа интересно достигнување. Тој и големата sвезда на Барселона, Лионел Меси се единствените играчи кои успеале да се запишат во листата на стрелците во 16 последователни сезони во шпанската елита.

Серијата на Рамос започна со сезоната 2004/05 кога тој сè уште беше во Севиља. Дефанзивецот на Реал Мадрид веќе има 62 гола на 468 натпревари во Примера дивизион. Неговиот погодок вчера беше прв оваа сезона.

Меси, исто така, започна со своите голови и во сезоната 2004/05 и досега има 423 на 457 натпревари со екипата на Барса за шампионатот.

Овој месец Рамос го подобри рекордот на легендарниот голман Икер Касиљас за најмногу натпревари со националниот дрес – 168 натпревари за Шпанија.

Треба да знаете
Последни објави