Кинеските власти изразија сомневање во однос на тоа дали е можно да се постигне сеопфатен долгорочен трговски договор со Вашингтон и со американскиот претседател Доналд Трамп, посочи Блумберг.
– Кинеските официјални претставници се исто така загрижени за импулсивниот карактер на Трамп и ризикот дека тој дури може да се откаже од привремениот договор, познат како „прва фаза”, што двете водечки светски економии се стремат да го потпишат во ноември, наведува Блумберг.
Покрај тоа, се забележува дека Кина се залага за прекин на тарифната војна за да може да почнат разговори за „втората фаза” од сеопфатниот трговски договор со САД.