Стратегиското партнерство меѓу Русија и Кина не е насочено против трети земји и не претставува воен сојуз, соопшти на брифинг официјалниот претсавник на кинеското Министерство за одбрана, полковникот Ву Цан, во одговор на поставено прашање за можно формирање воена алијанса меѓу Пекинг и Москва, пренесе Тасс.
-Односите меѓу Русија и Кина се сеопфатно стратегиско партнерство и координација во новата ера, и тие не се насочени против трети земји и не се воен сојуз, изјави претставникот на кинеското министерство.
Тој подвлече дека соработката меѓу Пекинг и Москва е „пример за новиот модел во меѓународните односи, што вклучува взаемно почитување, еднаквост и взаемна соработка. Тоа категорично е поразлично од сојузите во кои се наоѓаат некои други земји”, додаде Ву Цан.