Македонскиот кошаркарски претставник во регионалната АБА 2 лига, МЗТ Скопје Аеродром, вечерва (19 ч.) гостува во Никшиќ кај Сутјеска. Ова е натпревар од од 5. коло, а скопјани во првите четири имаат забележано истотолку победи. Црногорскиот претставник има скор од три победи и незнае за пораз во својата сала.
Во пресрет на вечерашниот нов предизвик МЗТ Скопје е оптимистички расположен. Се надева дека ќе ја продолжи победничката серија.
-Секој натпревар е значаен во регионалното натпреавруавње. Ќе имаме максимално сериозен пристап кон пресметката со Сутјеска. Станува збор за искусна екипа која има одличен шутирски потенцијал. Секој нивни играч може да погоди од секоја позициа. Мораме да најдеме решение за нивната игра за да ја намалиме прецизноста. Ако го најдеме рецептот, тогаш ќе се надеваме на триумф кој ќе биде значаен за нас – вели Ѓорѓи Кочов, тренерот на МЗТ Скопје.