И четвртиот кандидат за нов комесар, кого го предложи Романија е одбиен од страна на новоизбраниот претседател на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
Како што пренесуваат романските медиуми, романскиот премиер во заминување, Виорика Данчила, вчера предложила поранешниот министер и пратеник Виктор Негреску да ја претставува земјата во новиот состав на Европската комисија, но претседателот Јоханис Клаус прв го искритикува нејзиниот избор.
Тој смета дека администрацијата на Данчила, на која на 10 октомври и беше изгласана недоверба, нема „легитимитет“ да предлага нови кандидати за Европската комисија.