Предлогот на Христијан Мицкоски за закон со кој ќе се испитува потеклото на имот на политичари и функционери е уште еден блеф и лицемерен потег на шефот на најбогатата партија во Европа.
Ако сакаат да дадат позитивен пример, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ нека започнат со испитувања на потеклото на имот на нивните функционери додека биле на власт.
Од Никола Груевски и Сашо Мијалков, реку Јанушев, Мисајлоски па се до самиот Христијан Мицкоски со неговите хидроцентрали. СДСМ веднаш ќе го следи таквиот пример, веднаш ќе даде поддршка на закон со кој ќе се испитува потеклото на имот на сите политичари и носители на јавни функции.
Но, за тоа да се случи Мицкоски треба да се откаже од она што веќе со години го прави, а тоа е одбрана на криминалот на режимот. За потсетување, СДСМ предлагаше уставен амандман за да може да се гони секој криминал сторен на штета на државата од незвисноста до денес. Ако ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се сериозни со предлогот прво треба да гласаат за предлог Законот за Јавно обвинителство со кој се гарантира правна разрешница на сите индиции и истраги за нивните злодела. Токму имотот на ВМРО-ДПМНЕ во моментов е замрзнат заради обвинение за нелегално финансирање на нивната партија.
Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ треба да дадат поддршка овој и сите други отворени судски предмети да бидат разрешени, а потоа веднаш да се започнат преговори и во периодот пред изборите да биде донесен и Закон за испитување на потеклото на имот на политичари и јавни и државни функционери.
Се друго е политички маркетинг и лицемерие од страна на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.