Полицијата во Хонгконг денес употребила солзавец за да ги растера демонстрантите во густо населената област Каулун во Монг Кок, додека маскираните демонстранти се собирале за да им се придружат на луѓето кои исто така под маски ја прославувале Ноќта на вештерките.
Демонстрантите, многумина облечени во црно со сега забранети маски на лице, клечеа на патот сокриени зад чадор, протестирајќи поради насилната пресметка на полицијата со демонстрантите пред два месеци, пренесе „Ројтерс“.
Многумина од нив вперувале ласери кон полицајците, додека други на улиците поставувале барикади од канти за ѓубре и друг отпад.
Демонстрантите се собрале во паркот Викторија во трговскиот дистрикт Каус Беј за да маршираат кон улиците на дистриктот Лен Кваи Фонг.
Полицијата го забрани маршот и рече дека ќе ги затвори патиштата, вклучително и улицата Лен Куа Фонг за да се олесни јавното славење.
Ова е прв пат демонстрантите да сакаат да се соберат во дистрикт каде што се одвиваат прослави, соопшти британската агенција.
За време на викенд и прослави како Ноќта на вештерките, илјадници луѓе излегуваат од баровите и клубовите на улиците.