Фудаблскиот прволигаш Ренова е последниот четвртфиналист во Купот на Македонија, откако во последниот реванш натпревар од осиминафиналето ремизираше пред своите гледачи со второлигашот Тиквеш (1-1). „Гипсарите“ одата натаму со вкупен резултат 3:1. На првиот натпревар одигран во Кавадарци победија со 2:0.
На средбата во Тетово, Тиквеш поведе со голот на Илиески во 22. минута, а Ренова израмни во 85. минута со голот на Адеми.
Претходно пласман во четвртфиналето обезбедија: Шкендија, Академија Пандев, Брегалница, Работнички, Шкупи, Струга ТЛ и Лабуништа.