Се здоби со светска слава со улогата на Пипи Долгиот Чорап, а денес обожавателите собираат пари за неа

Шведската актерка Ингер Нилсон (60) имала само осум години кога ја играла славната Пипи Долгиот Чорап. Оваа улога ја прослави, но поради тогашните закони, таа никогаш не добила хонорар за неа.

Само затоа што Ингер не добила ниту пара за планетарно популарната улога, нејзините обожаватели, кои пораснале со овој филм и ги сакале неговите јунаци, решиле да соберат донации за актерката и нејзините филмски пријатели Аника и Томи.

Досега се собрани 37.000 американски долари, и се очекувало актерката да биде среќна поради идејата на нејзините обожаватели, но таа не била многу воодушевена.

„Најпрво бев лута, затоа што не сакам да играм жртва и да барам милост. Кога се смирив, сфатив дека тоа е само знак на почитување и желба на обожавателите да ни покажат колку им значиме“, заклучи поранешната Пипи Долгиот Чорап.

Ингер живее во Стокхолм и работи како секретарка, а одвреме-навреме прифаќа и понекоја театарска улога. Во последниве години, таа глуми во германската форензичка серија „Der Kommissar und das Meer“.

Треба да знаете
Последни објави