На 30.10.2019 во 12.15 часот на ул.„146“ во Тетово се случила сообраќајна незгода во која патничко моторно возило ,,голф 4“, управувано од непознато лице, кое по незгодата го напуштило местото на настанот, удрило во мотоцикл „боатиан“, со скопски регистарски ознаки, управуван од Х.И.(53) од Тетово, на кој се превезувал и неговиот малолетен син.
По незгодата двајцата се пренесени во Клиничката болница Тетово каде на Х.И. му биле констатирани тешки телесни повреди, а на малолетникот лесни повреди. За настанот бил известен јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Тетово.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.