Деби како кечер направи поранешниот шампион во тешка категорија во професионалниот бокс, Тајсон Фјури. „Циганскиот крал” го победи популарниот кечер Браун Струман на настанот „Краун џуел” во Саудиска Арабија.
Фјури имаше импресивен настап. Тој се појави во рингот, облечен во традиционална облека од Саудиска Арабија под звуците на песната на Исли Братерс – „It’s Your Thing”
По задолжителната размена на реплики и закани, борбата започна суштински. Фјури покажа многу трикови, дури и го сруши противникот со шут во градите надвор од јажињата. Британецот искористи неколку од познатите потези на легендарниот борец Марк Каловеј – „Гробарот”.
На крајот, Фјури го нокаутираше со десната рака Струман, кој не успеа да се крене додека судијата не изброи до 10. По три дена иманов настан, на кој Фјури ќе учествува – „Monday Night Raw”.
The #GypsyKing @Tyson_Fury has officially stepped into @BraunStrowman‘s world. #WWECrownJewel pic.twitter.com/8fY39EhI57
— WWE (@WWE) October 31, 2019