Трилерот „Џокер“ со Хoакин Феникс во главната улога, приказна за кловн кој се свртува кон живот исполнет со криминал, го собори рекордот и стана филм од категорија Р, кој заработи најмногу во киноблагајните.
Досега тој оствари заработка од 788 милиони американски долари од продажба на билети, а досегашен рекордер беше „Дедпул“ од 2016 година, кој заработи 783 милиони долари.
Иако во јавноста има и критики дека „Џокер“ е филм што го поддржува насилството, тој стана рекордер веќе во првиот викенд од неговото прикажување, односно филм кој за неколку дена го гледаа најголем број гледачи.