Ние сме против оние кои сакаат раздвојување на двете држави, оние кои секако, никогаш не стекнаа моментум или нумеричко мнозинство во Советот, а предлогот го доставија мал број земји – членки и тоа на маргините на нивното основно излагање, рече алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Милтиадис Варвициотис за време на Комисијата за европски прашања во грчкиот Парламент, jави дописничката на МИА од Атина. Алтернативниот шеф на грчката дипломатија ги информираше членовите на комисијата за прашањата поврзани со унијата и заклучоците од последниот Самит на ЕУ и советот за општи прашања.
Во однос европската перспектива на Северна Македонија и Албанија, рече дека е јасно дека двете земји се во различна фаза, едната е поблиску, другата е подалеку, а она што Грција бара е да се донесе одлука, да се даде зелено светло за почеток на пристапни преговори за двете земји во пакет, истакнувајќи дека „она што е заедничко е временскиот период за почеток”, а секоја земја ќе се оценува според сопствените постигнувања и оценката нема да биде групирана.
-Одвојувањето на двата случаи не ја зајакнува стабилноста на нашата северна граница и може да предизвика неурамнотеженост што ќе создаде тензии кои ние ќе ги претрпиме. Ако можеме да постигнеме да не се раздвои временскиот рок за двата случаи, тоа ќе биде во наша корист, рече Варвициотис. За проширувањето на ЕУ, рече дека целта на Грција е да не се граничи со балкански, туку со европски земји, потсети дека поддршката на европската перспектива на Западен Балкан беше одлука на грчкото претседателство во 2003