ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ претставува синоним на лага и манипулација, за три години го урнаа здравствениот систем

Соопштение до јавноста од ВМРО-ДПМНЕ, реакција на соопштението на СДСМ

„Владата на СДСМ претставува синоним на лага и манипулација.

СДСМ успеа за три години да го урне здравствениот систем.

А, сега пред избори се обидуваат да фрлат трошки. Но заборавија дека граѓаните на Република Македонија немаат кратко паметење. И ги помнат сите ветени но неостварени проекти.

Граѓаните знаат дека СДСМ  излажа за покачување на капитација од 55 на 90 денари за матичните доктори, а за матичните стоматолози од 40 на 70 денари. Наместо тоа сега Заев и Венко ги залажуваат со само 8 денари повеќе, што претставува срамота.

Оваа влада е на пат да си замине, а тоа ќе се случи на 12 април. Тогаш граѓаните ќе стават крај на оваа влада која владееше само со лаги. По ова ќе дојде обнова на Македонија и здравствениот систем ќе започне да функционира како што треба“.

Треба да знаете
Последни објави