Индија и формално го примени законот со кој му се одзема полуавтономниот статус на Кашмир под контрола Индија и се наметнува директна федерална власт во спорната област, пренесува РТ.
Денеска индиската муслиманска држава Џаму и Кашмир беше официјално поделена на две нови територии на унијата – Џаму и Кашмир на запад и Ладах на исток.
Хиндуистичката националистичка влада на премиерот Нарендра Моди испрати илјадници дополнителни војници и ги апсеше антииндиските како и проиндиските активисти пред да наметне промени во мнозински муслиманскиот регион. Највпечатливо беше укинаувањето на знамето и на уставот на Кашмир, кои се елиминирани како дел од нпвиот статус на регионот.
Меѓтуоа, најпроблематична промена е заканата дека Индија ќе ја присвои територијата со формалното укинување на клаузулата во индискиот Устав со која се чуваше ексклузивното право на Кашмир над сопствеништвото на земјата.
„Се се менува денес. Од држави сме сведени на општина. Целиот овој процес е неуставен. Начинот и методологијата беа недемократски. Луѓето беа понижени и никој не ги консултираше“, вели пензионираниот кашмирски судија Хаснаин Масуди, член на индискиот парламент.
Пред најголемите политички промени во индиски Кашмир, властите го изгаснаа пристапот до интернетот, до мобилните и фиксните телефонски услуги и до кабелската телевизија за 12,5 милиони луѓе во регионот под образложение дека бунтовниците веројатно ги користат за организирање на антииндиските протести и насилства.
И покрај опсадата од десетина илјади владини сили, стотици антииндиски протести и судири избија во регионот. Владините сили користеа солзавец и огнено оружје за да ги спречат демонстрантите да протестираат на улиците. Најмалку три лица загинаа, а стотици беа повредени во судирите.
Последната надеж на жителите на Кашмир сега е Врховниот суд на Индија кој треба да почне расправа на почетокот од ноември за барањата кои ја оспоруваат законитоста на укинувањето на Член 370 од Уставот со кој на Кашмир му се даваше посебен статус. Одлуката се очекува во рок од неколку месеци.