Министерот за култура Хусни Исмаили присуствуваше на почетокот на изградба на дом на културата во с.Матејче, Општина Липково. Објектот е финансиран согласно Програмата на Владата на Република Северна Македонија за користење на средства за капитални дотации до единиците на локалната самоуправа во областа на културата за 2019 година. Средствата во износ од 25.000.000,00 денари, доделени преку Министерството за култура ќе бидат искористени за реализација на изведба на дел од градежни работи предвидени со измени во тек на градба на културен дом во с. Матејче.
„Со изградбата на овој објект, Владата на Северна Македонија во пракса реализира еден од најважните приоритети на своите политики во културата, а тоа е децентрализација и деметрополизација. Ние, како креатори на културните политики посветено работиме на остварување на заложбите да ја доближиме културата до сите жители на земјата”, рече министерот за култура Исмаили во рамки на настанот.