Владата предводена од СДСМ преку директни и конкретни мерки го унапредува секој дел од секојдневното функционирање.
Мерките за унапредување на образованието и науката се на прав пат.
Владата донесе одлука за покачување на платите на 210 вработени во Јавните научни установи за 25 проценти, исплатата ќе започне од октомвриската плата годинава.
Покачувањето се движи од 3.400 до 13.500 денари во зависност од звањето на научните институти, а опфатени се 7 научни јавни установи, дефинирани во Законот за научно-истражувачка дејност.
Исто така, на иницијатива на СДСМ се донесе Предлог-закон за употребата на македонскиот јазик.
Со предвидените промени, задолжително е ангажирање или вработување на лектори по македонски јазик во сите државни и јавни установи и институции, како што се Владата, Собранието и министерствата на Република Северна Македонија, па сè до локалната власт, универзитетите, научните институции, средните и основните училишта, медиумите и сите други чинители во општествениот живот во земјава, како во државниот така и во приватниот сектор.
За првпат се предвидуваат и стипендии за студентите по македонски јазик и литература на сите три циклуси на високото образование и на сите универзитети во државата.
Во новиот закон, исто така се предвидува, македонскиот јазик да бидет предмет на изучување во културните центри во амбасадите на Република Северна Македонија во странство, што е резултат на желбите и предлозите на Македонците во дијаспората.
На овој начин се зацврстува употребата на македонскиот јазик на сите рамништа, а воедно влијае на привлекување на сите граѓани на кои македонскиот јазик не им е мајчин јазик.
Мерките на Владата предводена од СДСМ за унапредување на образованието и науката се на прав пат.
Во таа насока СДСМ останува посветен да креира и имплементира мерки и политики кои го гарантираат македонскиот идентитет и македонскиот јазик.