Намален бројот на работници во индустријата, најмногу во рударството

Бројот на работниците во индустријата во септември  годинава во однос на септември лани е намален за 1,6 проценти, а во првите девет месеци од годинава споредено со истиот период лани за 1,3 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.

Бројот на работниците во секторот рударство и вадење камен во септември годинава во однос на септември минатата година, бележи пад од 3,6 проценти, во преработувачка индустрија од 1,5 проценти, а во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пад од 0,4 проценти.

Според главните индустриски групи, бројот на работници во индустријата во септември годинава во однос на септември лани бележи пораст кај капитални производи за 6,9 проценти, а опаѓање кај енергија за 1,9 проценти, интермедијарни производи, освен енергија за 1,7 проценти, трајни производи за широка потрошувачка за 4,1 процент и нетрајни производи за широка потрошувачка за 4,7 проценти.

Треба да знаете
Последни објави