Австралиската полиција пронајде 400 килограми кристал метамфетамин сокриен во шишиња со лут сос. Во аксијата уапсени се четворица мажи. Властите соопштиле дека дрогата која пристигнала од САД во Сиднеј, е вредна 300 милиони долари. Уапсените се на возраст од 30, 34, 36 и 45 години.
Австралиската полиција е во соработка со американските власти за да откријат кој е сопственикот на нарачаката испратена во Австралија. Како што се наведува, дрогата била сокриена во 768 шишиња, а пратката била на пат кон лабораторија каде требало да биде извлечена дрогата од шишињата. Четворицата уапсени се опишани како клучни членови на криминалот, а се трага и по други поврзани во транспортот на дрогата. Како што се наведува, ставената дрога во лутиот сос е софистициран процес, кој бара познавање од хемија од страна на оние кои ја испратиле но и од оние што ја примиле праткат.