Ренова последен четвртфиналист во Купот на Македонија

Фудаблскиот прволигаш Ренова е последниот четвртфиналист во Купот на Македонија, откако во последниот реванш натпревар од осиминафиналето ремизираше пред своите гледачи со второлигашот Тиквеш (1-1). „Гипсарите“ одата натаму со вкупен резултат 3:1. На првиот натпревар  одигран во Кавадарци победија  со 2:0.

На средбата во Тетово, Тиквеш поведе со голот на Илиески во 22. минута, а Ренова израмни  во 85. минута со голот на Адеми.

Претходно пласман во четвртфиналето обезбедија: Шкендија, Академија Пандев, Брегалница, Работнички, Шкупи, Струга ТЛ и Лабуништа.

Треба да знаете
Последни објави