Одредени лидери во ЕУ имаат поглед од 19 век на Западен Балкан, изјави американскиот помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања, Филип Рикер во интервју за Радио Слободна Европа.
Американскиот дипломат вели дека САД се разочарани од одлуката на европските лидери да им се одобри почеток на преговорите за членство во ЕУ на Северна Македонија и Албанија.
Тој во интервјуто потенцира дека европската перспектива на земјите кои сакаат да бидат дел од Унијата, била клучна компонента на американската надворешна политика.
Според Рикер, САД го подржуваат тој идеал на земјите и тоа го покажуваат во програмите за помош што им ги даваат на дипломатијата и поддршката на реформите, со цел овие држави да се движат во насока не европските интеграции.
– Сметаме дека тоа е во најдобар интерес на државите, регионот и на Европа и разочарувачко е да се видат одредени лидери со поглед од 19 век на Западен Балкан, вели Рикер во интервју за РСЕ.