Столтенберг: Мислењето на Русија за евентуално членство на Украина во НАТО не е важно

Мислењето на Русија за евентуално членство на Украина во НАТО не е важно за донесување на таква одлука, нема законска основа Москва да влијае на тоа прашање, изјави генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг, говорејќи пред питомци на Морнаричка академија во Одеса.

Прес-службата на НАТО објави целосен запис од средбата.

– Тоа е одлука што мора да ја донесат Украина и 29–те постојни членки на Алијансата. Никој друг нема право да се меша во таквата одлука, рече Столтенберг.

Според него „понекогаш изгледа дека од Русија зависи дали Украина треба да биде членка на НАТО или не”.

– Русија нема право на глас. Тие немаат правна и реална платформа, за да имаат некакво влијание врз таква одлука, рече генералниот секретар на НАТО.

Според Столтенберг, таквата состојба на работите „е утврдена во документи, кои Русија ги има потпишано – како на пример Заклучниот акт од Хелсинки и многу други документи”.

Треба да знаете
Последни објави