Малолетник завршил во болница со тешки повреди откако бил прегазен од полициски автомобил, вчера кај Поликлиниката „Јане Сандански“.
-На 30.10.2019 во 11.35 часот после кружниот тек од улиците Коста Новаковиќ и Ангел Димовски, автомобил „опел астра“, сопственост на МВР, управувано од Б.Р., удрило во малолетник, кој се здобил со тешки телесни повреди и му била укажана лекарска помош во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“. Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје и Одделот за внатрешна контрола и професионални стандарди, велат од МВР.