Фронтменот на „Дјуран Дјуран“, Сајмон Ле Бон (61) тајно пристигнал во Белград со сопругата, манекенката Јасмин (55). Брачната двојка ја посетила изложбата на српскиот уметник Вук Видор во главниот град.
Потоа, тој и неговата сопруга заминале во еден белградски ресторан, каде што го прославувале нејзиниот роденден до раните утрински часови, пренесува „Новости“.
https://www.instagram.com/p/B4RqpGiJlWQ/?utm_source=ig_web_copy_link
Сајмон и уметникот Вук Видор се познаваат уште од студентските денови во Париз, а и нивното домашно пријателство датира од тоа време.
https://www.instagram.com/p/B4NvuhjJDY2/?utm_source=ig_web_copy_link
Режисерот Милан Тодоровиќ ја имал честа да се фотографира со славниот Сајмон, кој им излегол во пресрет на сите што сакале да се фотографираат со него.
Ле Бон наполни 61 година на 27 октомври, додека убавата Јасмин го прослави својот 55. роденден на 29 октомври. Тие се во брак од 1985 година и имаат три деца.