Град Скопје повеќе не прави студии за трамвај, туку пред Нова година ќе почне да го гради, најави градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов на вечерашната трибина „Чекор по чекор за Скопје, две години со Петре Шилегов”.
Скопскиот градоначалник посочи дека новите автобуси ќе бидат на погон на водород кој произведува електрична енергија што ги движи, а нус производ е вода и имаат нула емисија на штетни госови во атмосферата. Тој очекува од февруари да бидат пуштени во сообраќај.
-Скопје ќе добие сосема поинаков јавен градски превоз што ќе овозможи да се забрани движењето на автомобили во централното градско подрачје, рече Шилегов.
Нагласи дека паралелно ќе се развиваат двете трансферзали во Градот, исток – запад и север – југ односно, од Ново Лисиче до Ѓорче Петров и од Кисела Вода до Бутел.