Бил Мареј се пријавил да работи во азиски ресторан

Познатиот актер Бил Мареј (69) гостувал во подкастот  „3 девојки 1 Кејт“ на комичарката Еми Шумер и открил дека аплицирал за работа во азискиот ресторан „П. Ф. Ченг“.

„Пополнив апликација за работа во ресторанот ‘П. Ф. Чан’ на аеродромот во Атланта затоа што го сметам за едно од најдобрите места“, признал Бил.

Комичарката изненадено го прашала што би работел таму.

„Било што, мислам дека работниците одлично поминуваат таму“, одговорил Мареј.

Кога од ресторанот дознале дека се пријавил за работа, тие му соопштиле преку „Твитер“ дека е примен.

 

Треба да знаете
Последни објави