Вардар против Мешков ќе бара рехабилитација по тешките порази во ЛШ

По двата убедливи порази од Кил пред своите гледачи и од Веспрем во гости, актуелниот европски првак скопски Вардар в недела (17 ч), го пречекува белорускиот Мешков Брест со надеж дека ќе им се врати на победите во елитното клупско натпреварување Лигата на шампионите.
– Гостинот Мешков е добра екипа. И во ланската сезона го покажа и докажа тоа. Ние добро се подготвивме за натпреварот и очекуваме добро издание и победа. За секоја промена треба повеќе, не може работите да се сменат преку ноќ. Се договоривме со екипата да продолжиме понатаму во ист стил, секогаш нашата цел е да победиме, вели тренерот Кокшаров.
Вардар во меѓувреме се рехабилитираше со изменет состав во регионалната СЕХА-лига со триумф прптив Пекинг. Меѓу играчите кои не анстапија на гостувањето во Загреб каде Пекинг е домаќин имаше повредени играчи, но и кои добија одмор од тренерот Кокшаров.
-За Атман и Горпишин денеска ќе добиеме информација дали ќе можат да играат в недела. Столе имаше операција и имаше долг ппериод на рехабилитација, па потребно е време да влезе во натпреварувачки ритам, тој е подготвен да игра – вели варадровите тренер, кој наедно е и спортски директор на „црвено-црните“. Тој е задолжен да го изнајде новиот кормилар на Вардар, но за тоа кој ќе ја добие довербата  вели дека ќе одлучи претседателот Сергеј Самсоненко.
Капитенот Стојанче Стоилов верува дека тие што ќе ја добијат довербата да настапат ќе се бората максимално да ја прекината низата порази.
-По двата тешки два меча во ЛШ, не очекува нов предизвик со Брест. Имаме доста проблеми со повредени играчи. Не се знае кој ќе игра. Ќе излеземе да се бориме и да победиме, вели Стоилов, во пресрет на новите предизвик од ЛШ.
Треба да знаете
Последни објави