По целодневна расправа, со широко мнозинство и поддршка од владеачката Нова демократија и партијата Движење на промена, грчкиот Парламент кусо пред 2 часот по полноќ, го изгласа новиот закон за процедурите за доделување азил, јави дописничката на МИА од Атина.
Против законот беа СИРИЗА, Комунистичката партија, Грчко решение и МЕРА25.
Во долгата расправа во парламентот збор зедоа лидерите на политичките партии, министри од владата и околу 85 пратеници, а свои обраќања имаа и грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и лидерот на опозициската СИРИЗА, Алексис Ципрас кои влегоа во жестока дискусија и си упатија низа меѓусебни обвинувања за мигрантското- бегалското прашање.
Согласно одредбите од новиот закон, процесот за доделување на азил во Грција, станува побрз и построг, со што грчката Влада смета дека ќе биде и поефективен.