Мег Рајан ја прекина 8-годишната врска со американскиот музичар

По цели 8 години, познатата актерка Мег Рајан (57) и американскиот музичар Џон Меленкамп (68) се разделија.

Наместо очекуваната вест за тоа кога ќе се венчаат, светските медиуми ја пренесоа веста дека ја раскинале свршувачката.

Славната Мег Рајан, која стана позната по своите улоги во романтични комедии, се чини дека не може да се смири покрај некој маж.

Но, не е првпат двојката да се раздели. Пред четири и пол години, нивната врска беше разнишана од неговото неверство, но Мег му прости. Но, овој пат Мег наводно им кажала на пријателите дека е навистина крај.

„Таа сфати дека е навистина доста и ја раскина свршувачката. Воопшто не ѝ беше жал“, изјавил близок пријател на двојката.

Мег и Џон ја почнаа својата врска во 2010 година, а се свршија пред една година.

Мег беше во брак со Денис Квајд од 1991 до 2001 година, а Меленкамп зад себе има дури три брака.

Треба да знаете
Последни објави