Нетанјаху повторно го обвинува Иран за агресивност

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави денеска дека Иран станува се поагресивен во регионот затоа што не е адекватно одоговорено на неговите акции во последно време, јавија британските медиуми.

Зборувајќи на една воена церемонија Нетанјаху изјави дека и Иран и неговите сојузници се повеќе се вооружуваат.

Нетанјаху не ги прецизираше своите обвинувања, но, како што наведуваат британските медиуми, неговата изјава доаѓа по повлекувањето на американските сили од Сирија и бидејќи, и покрај заканата на американскиот претседател Доналд Трамп, не е адекватно одговорено на наводниот ирански напад на саудиските нафтени инсталации.

Треба да знаете
Последни објави