Пандев мина парично, Мота два меча ќе се пресели на трибините

Џенова загуби на гостувањето кај Јувенстус во италјанската фудбалска Серија А, со голот кој го постигна Кристијано Роналдо од пенал во 96. минута. На ваквиот расплет протестираше капитенот на македонската фудбалска репрезентација кај судијата, поради што заработи парична казна од 1.500 евра.

По зaвршување на натпреварот судијата го пријавил Пандев за приговор, додека тренерот на Џенова, Тијаго Мота, доби црвен картон. По оваа пријава дисциплинската комисија во Серија А го казни Пандев со 1.500 евра, а стратегот на Џенова доби забрана да седи на клупата на два меча.

Треба да знаете
Последни објави