Земјотрес со интезитет од IV степени спoред Европската макросеизмичка скала утринава е почиствувам од населението во Охрид, Струга, Битола Ресен и околината. Во Скопје земјотресот е почувствуван со интензитет од три степени.
Како што соопшти Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, земјотресот е регистриран утринава во 6 часот и 25 минути. Епицентарот се наоѓа 175 километри југозападно од Скопје, во соседна Албанија, а неговата Рихтерова магнитуда изнесува 4.9 степени.