Прегазен малолетник во Бутел

На 31.10.2019 во 07.45 часот на улица Призренска 2 во Скопје, автомобил „форд мондео“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.С.(57) од Скопје, удрило во малолетен пешак.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, по што бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од екипа од СВР Скопје.

Треба да знаете
Последни објави