Факултетот за драмски уметности одбележува 50 години

Факултетот за драмски уметности во Скопје вечер од 20 часот во Македонскиот народен театар ќе одбележи 50 години постоење. За јубилејот е подготвен перформансот „Живот за еден сон” на кореографката  и професорка на ФДУ Невзати Кренаре, со што воедно ќе почнат и 28-те интернационални студентски средби „Скомрахи 2019″. Средбите ќе траат до 5 ноември и, како што најавија организаторите, ќе имаат богата програма – пет претстави и триесет филмови на студенти од Скопје, Сараево, Приштина, Љубљана, Софија, Загреб и Звечан.

Факултетот за драмски уметноти почнал со работа на 4 ноември 1969 кога бил основан Одделот за глума при Вишото музичко училиште во Скопје, кое во 1979 прераснало во Факултет за музика и драмски уметности, со два оддела – факултет за музика и факултет за драмски уметности. Како независна академска институција во склоп на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”, Факултетот за драмски уметности функционира од 1987 година. На ФДУ може да се студира на одделите за продукција, режија, камера, драматургија, монтажа и актерска игра

Треба да знаете
Последни објави