Шекеринска: Пред Самитот во Лондон ќе биде познато кој ќе биде наш амбасадор во НАТО

За избор на амбасадор во НАТО во тек се разговори и консултации меѓу  Министерството за надворешни работи, Кабинетот на претседателот и Владата. Според процедурата прво треба да помине на седница на Влада, а потоа се испраќа како предлог  до претседателот на државата, информираше денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска негирајќи дека е утврдено дека  за тоа место да биде Дане Талевски или пак некое друго име.

-Очекувам дека нашиот амбасадор во НАТО и нашиот воен претставник во Алијансата, многу бргу ќе бидат познати за да можат да присуствуваат на важните настани кои ќе и дадат на државата да стане членка на НАТО. Целта ни е пред Самитот во Лондон овие прашања дома да ги завршиме, рече Шекеринска

Треба да знаете
Последни објави