Шкендија и Работнички ќе се пресметаат во 1/4 финалето од фудбалскиот Куп на Македонија. Така одлучи денешната ждрепка во ФФМ за двојките од оваа елиминаторна рунда која е закажана да се одигра на 4 декември, првите натпреаври и на 4 март идната година реванш средбите.
Бранителот на трофејот Академија Пандев за противник ја доби екипата на Шкупи. Најпосакуваните ривали во оваа рунда за прволигашите беа второлигашите Брегалница и Лабуништа, кои ждрепката одлучи силите да ги одмерат меѓусебе.
Четвртфинални двојки:
Шкупи-Академија Пандев
Струга Трим Лум – Ренова
Брегалница – Лабуништа
Шкендија – Работнички