Американски бенд доживеа бизарна несреќа, со комбе удриле во лос

Комбето со кое патувале на турнеја членовите на бендот „Крејзи таун“ удрило во лос, и според фотографиите што ги објавил бендот, судирот бил многу силен. За среќа, сите музичари минале само со мали повреди.

„Само што излеговме од брзата помош и сите сме добри. Имаме исекотини и модринки. Минатата ноќ удривме во лос во Онтарио, но планираме да ја завршиме оваа турнеја“, им напишале на фановите со фотографии од несреќата.

Бендот патувал по Рутата 17 во канадски Онтарио, но одеднаш пред нив излетала женка лосос, пренесува ТМЗ. Предниот дел на возилото бил целосно уништен, а на членовите на бендот им била укажана прва помош на самото место, по што биле пренесени во болница.

Обожавателите во своите бројни коментари за поддршка веднаш им посакале брзо закрепнување и изразиле чудење што поминале само со мали повреди.

Лосот, за жал, немаше толку среќа и починал веднаш по удирот на возилото. Сообраќајните несреќи во овој период од годината со најголемиoт жив вид на елени не се невообичаени во Канада.

Треба да знаете
Последни објави