Бугарскиот премиер, Бојко Борисов изјави коментирајќи го протерувањето на руски дипломат од земјата, дека не попушта под странски притисоци, но морал да реагира на обидот на рускиот дипломат да регрутира висок бугарски функционер.
Рускиот дипломат беше протеран од Бугарија претходно неделава поради наводен обид за регрутирање на високо позициониран функционер, кој имал пристап до тајни податоци, изјави денеска Борисов, јави „ТАСС“.
„Не попуштам пред странските притисоци. Кога голем број партнерски земји протераа руски дипломати, во врска со случајот Скрипал, ние тоа не го направивме. Но кога дипломати на високо ниво регрутираат мој висок функционер, веднаш одговоривме“, рече Борисов за БТВ каналот.