Дувна ветер и го одвеја загадениот воздух. Денеска во Македонија може да се дише. Речиси целата територија каде што има мерни станици за загаденоста на воздухот е во „зелена“ фаза.
Прочистувањето на загадениот воздух најверојатно е како последица на вчерашните локални краткотрајни дождови и поголемото струење на воздухот.
Највисока е загаденоста во Тетово, каде таа изнесува 37 µg/m3, а потоа во Битола со 32 µg/m3. Количеството на ПМ10 честички во Скопје изнесува 24 µg/m3 што е подобрување од последните неколку денови.