Две тела се извлечени од реката Колпа кај селото Вуковци на јужната словенечка граница, а според првичните сознанија од полицијата, тие биле мигранти кои се обидувале да ја преминат границата.
Полицијата побарала помош од странски власти во идентификувањето на жртвите, соопшти полициското одделение Ново Место.
Причината за смртта ќе биде утврдена со обдукција, пренесува агенцијата СТА.
Во соопштението се вели дека полицијата во регионот на Ново Место уапсила 20 илегални мигранти во последните 24 часа, вклучувајќи државјани на Пакистан, Авганистан, Иран, Ирак и Сирија.