Захарова: САД месечно шверцуваат сириска нафта во вредност од 30 милиони долари

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова ги обвини САД дека „месечно шверцуваат сириска нафта во вредност од 30 милиони долари”.

Таа додаде дека САД „ги кршат сопствените санкции” и оти „ги кријат сопствените криминални активности” под изговор борба против Исламска држава.

Захарова наведе дека американските сили најверојатно немаат намера „во блиска иднина” да се повлечат од деловите на Сирија каде се наоѓаат нафтените полиња.

Руското Министерство за одбрана минатата недела објави сателитски снимки кои наводно докажуваат дека криумчарите на нафта во Сирија се под надзор на САД, што портпаролот на МО, генерал-мајор Игор Конашенков го опиша како „меѓународен државен бандитизам”.

Треба да знаете
Последни објави