Индонезиец кој работел во организација што помогнала за да се напише строг закон против прељуба, заработи камшикување во јавност откако бил фатена во прељуба со мажена жена, јави Би-би-си. Муклис бин Мухамед од теолошкиот совет на Ачех во четвртокот бил казнет со 28 удари со камшик, а жената во која бил во врска заработила 23 удари со камшик. Муклис е од многу конзервативен регион на Ачех, единствениот дел од Индонезија каде се практикува шеријатскиот закон. Во таа провинција, со камшик се казнуваат истополовите односи и коцкањето, а според шеријатскиот закон и производството, продажбата и консумирањето на алкохол.
„Тоа е Божји закон. Мора да се казни секој за кого ќе се докаже дека е виновен, дури и кога станува збор за член на теолошкиот совет“, рекол заменик градоначалникот на округот Ачех. Најавено е и дека Муклис ќе го загуби местото во советот. Муклис (46), кој исто така е и религиозен водач, е првата верска личност камшикувана во јавноста уште од влегувањето во сила на шеријатскиот закон во 2005 година.