Л.А.Клиперс го совлада Сан Антонио Спарс со 103-97 во натпревар од регуларниот дел од НБА. Тимот од Калифорнија така ја сопреа серијата на Спарси од три последователни успеси. Единствениот непоразен тим досега останува Филаделфија 76-ерс.
Новата sвезда на Клиперси, Каваи Ленард забележа 38 поени и 12 скокови, додека Монтрезл Харел забележа 24 поени. Лу Вилијамс додаде 12 како резерва, иако реализира само 5/19 обиди. За Сан Антонио, Демар Дерозан имаше најмногу 29 поени, Дерик Вајт помогна со 20 од клупата, а Руди Геј заврши со 9 поени и 12 скокови.
Во друг натпревар, Мајами Хит ја совлада Атланта Хокс на домашен терен со 106:97. Дебитантот Кендрик Нун го забележа своето најдобро постигнување со 28 поени и ја мина границата од 20 поени за трет последователен натпревар. Засега, Нун има 112 поени од првите пет натпревари, рекорд за слободен агент избран надвор од НБА драфтот.
Во натпреварот со најмногу поени вечерва, Њу Орлеанс Пеликанс се изборија против Денвер Нагетс по 122:107. Џалил Окафор постигна 26 поени за домаќините, кои го запишаа својот прв успех во сезоната. Френк Џексон помогна со 21 поен, додека Дру Холидеј, кој се врати од повреда, придонесе со 19. Мајкл Портер Џуниор постигна 15 поени за Денвер во неговиот прв меч по повредата на коленото.Никола Јокиќ натпреварот го заврши со 13 поени и по 6 скока и асистенции.