Германската канцеларка Ангела Меркел е сè помалку присутна во медиумите, како што е потврдено од статистиката, што го критикуваа претставниците на новинарските здруженија. Според германските медиуми, канцеларката ретко се појавувала пред новинарите минатата година.
Осврнувајќи се на статистичките податоци на информациската служба на канцеларката, берлински „Тагешпигел“ пренесува дека минатата година таа има дадено само 22 интервјуа за германските медиуми. За споредба, во претходните години таа просечно давала над 60 интервјуа. Овие информации владината информативна служба ги достави до медиумите дури откако адвокат од Берлин со тужба го покрена тоа прашање.