Нов закон за легализација следната недела во владина процедура

Во владина процедура следната недела треба да се најде нацрт верзијата на новиот закон за легализација на дивоградби, на кој работеше изминатиот период работна група од Министерството за транспорт и врски и од Заедницата на единиците на локалната самоуправа ЗЕЛС, најави денеска ресорниот министер Горан Сугарески, одговарајќи на новинарско прашање при посетата на Општина Ѓорче Петров.

– Веќе е подготвена информација од Министерството за транспорт и врски до Владата. Да ја видиме потребата, најверојатно во вторник на седница, и потоа ќе ја пуштиме во Влада и во Собрание, изјави Сугарески, не соопштувајќи детали од законот.

Државата во три наврати, од март 2011 до крајот на 2018 година, овозможуваше да се поднесуваат барања за легализација. Во тој период беа поднесени над 430 илјади барања, повеќе од половина од нив веќе имаат правен статус со имотен лист, значителен дел се во постапка на решавање, а нерешените имотно правни работи беа главен кочничар на процесот.

Надлежните институции во повеќе наврати порачаа дека нема да дозволат нови рокови за легализација, но се коментиара опции за нелегизираните бесправно изградените објекти до крај на 2018 година. Ставот на ЗЕЛС објавен на почетокот со работа на работната група беше да не се дозволи дивоградбите да се легализираат по едно евро за квадрат, туку оние кои граделе бесправно да плаќаат комуналии според цените на општината и плус пенали оти не го почитувале законот. Последните податоци на ЗЕЛС беа дека во државава има над 70 илјади индивидуални и деловни објекти што се уште не се во регулиран правен промет.

Треба да знаете
Последни објави