Со цел да се создадат услови за квалитетен попис Сојузот на здруженија „Македонската платформа против сиромаштија” започна низа активности во кои ќе бидат опфатени и новинарите.
Од Тетово, Сојузот ги започна серијата работилници и советувања со новинари, а во тек е и создавање на прирачник со кој ќе можат да се служат медиумските работници околу спроведувањето на пописот како најголема статистичка операција.
– Сфативме дека новинарите се сојузници во целата работа и многу малку во изминатиот период се отвора стручна дебата и дискусија околу што навистина е пописот и што навистина ќе донесат резултатите од него. „Македонската платформа против сиромаштија” (МППС) е стратешки партнер на Фондот на Обединетите нации за население со канцеларија во Скопје во делот на развој на популациони политики и ние секако се залагаме тие да бидат што поквалитетни и да ги намалат јазовите во нееднаквост и намалување на сиромаштијата и сметаме дека еден квалитетен попис ќе помогне во креирање на политики базирани на докази, изјави Билјана Дуковска, претседателка на МППС.
Професорката Јасна Бачовска-Недиќ од Правниот факултет во Скопје потенцираше дека прирачникот ќе помогне новинарите преку известувањето за пописот на јавноста и пренесат за важноста од процесот на попишување.
– Прирачникот е едукативен за процесот на попис. Сметавме дека е потребен прирачник бидејќи самиот попис е проблематичен, повеќе исполитизиран отколку колку што е статистичка операција потребна за нашето оптештество. Со прирачникот новинарите ќе имаа проширено знаење кои се глобалните препораки за попис, што е попис како критеруми за влез во ЕУ, кои се важни и кои не се прашања околу статистиката поврзани со интергацијата, истакна професорката.
Работилниците ќе продолжат и по другите региони на државата